Административен термин - категорија

везир повеќе

мн. везири
Вид збор: Именка, машки род
Висок државен достоинственик во Отоманската Империја, носител на граѓанска и воена власт, министер.
Англиски: vizier Турски: vezir
Примери:
По краток престој во Солун тој беше поставен за везир на Босна.

вицепремиер повеќе

мн. вицепремиери
Вид збор: Именка, машки род
заменик на премиерот
Англиски: deputy prime minister
Примери:
За време на посетата вицепремиерот се запозна со напредокот на образовниот процес, работата на учениците и наставниците како и со модерната инфраструктура на кампусот на училиштето, каде што имаше можност лично да го види нивниот ангажман во формирање на иднината на Република Македонија.

вложи повеќе

вложат
Вид збор: Глагол, свршен
Подаде, поднесок до некој управен или друг орган.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Вложи жалба.

вонбуџетски повеќе

вонбуџетскиот
Вид збор: Придавка
Што е вон буџетот.
Примери:
вонбуџетски средства

вонканцелариски повеќе

вонканцеларискиот
Вид збор: Придавка
Што не произлегува, не се однесува на работењето во канцеларија.
Примери:
Вонканцелариска работа.

врв повеќе

мн. врвови
Вид збор: Именка, машки род
Највисока положба, степен во некоја хиерархија.
Англиски: top Албански: majë
Примери:
Се наоѓа на врвот во армијата.

вршител повеќе

мн. вршители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши некаква работа; тој што врши некоја должност.
Англиски: officer
Примери:
Вршител на работи во амбасадата.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш